Два од два за „Беите“ во празничното првенствено коло од ФФМ Детската лига. Две сигурни победи на нашите екипи од генерација 2006 и 2008. Повозрасните играа мошне ефикасен натпревар со екипата на Велешта (2006). Првото полувреме нашите постигнаа 6 погодоци за во вториот дел да излезе комплетна генерација 2007 и со истиот противник успеа да постигне уште 4 нови погодоци. Добар натпревар изиграа и генерација 2008 со врсниците од Евро фудбал 2 Вардар од Охрид. Иако според создадените шанси можеше да биде и поефикасен натпревар, сепак, двата постигнати погодоци беа доволни за уште една победа во ова коло. Натпреварите во генерација 2004 и 2005 со кичевски Париз беа одложени по барање на кичевчани.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|