Уште едно одлично коло за нашите фудбалери во ФФМ Детската лига што овој викенд се играше на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Овој пат, нашите момци ги надиграа екипите на Караорман, Лабуништа и Евро фудбал 2 Вардар. Највозрасните, генерација 2004 имаа полесен натпревар со екипата на Лабуништа кој лесно го добија постигнувајќи 7 гола во мрежата на противникот. Најинтересно и највозбудливо беше на „Езерското дерби“ што се играше во генерација 2006. Охриѓани на најдобар можен начин им се реваншираа на врсниците од струшки Караорман за поразот од есенскиот дел на првенството. Доминатната игра во текот на целиот меч резултираше со преубави 3 погодоци во противничкиот гол за убедлива и убава победа од 3:1. Добар натпревар и сигурна победа остварија и генерација 2007 кои ова коло играа со охридски Евро фудбал 2 Вардар. „Белите“ искористија само две од повеќето создадени шанси за конечни 2:0. Со истиот противник добар натпревар одигра и генерација 2005 која го доживеа единствениот пораз ова коло. Честитки за одличната игра на нашите фудбалери кои ни дадоа многу причини за радост ова коло. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|