ФФМ Младинска лига: Охриѓани перфектни и по шестото коло. „Еден – два“ дербито за Белите.14/10/2017
Денес на СРЦ Билјанини извори се одигра „Еден – два“ дербито на двете единствени непоразени екипи од младинската лига - ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ФК Фљамуртари. Натпревар за вистински фудбалски сладокусци и кој во целост го оправда епитетот регионално дерби. Очекувано, следевме мошне атрактивен и неизвесен меч кој добро го започнавме со неколку шанси на противничката половина што не успеавме да ги реализираме. Гостите тоа максимално го искористија и едно наше мало невнимание го казнија со гол во нашата мрежа и дојдоа до водство. Веднаш по примениот гол, нашите фудбалери направија уште една грешка на средината на теренот по што се создаде чиста шанса за радолиштани кои го дуплираа водството. Овој резултат малку ги разниша нашите фудбалери кои тешко влегуваа во ритам и во шанси. Сепак, пред крајот на првото полувреме, нашите направија извонредна акција по левата страна и успеавме да го совладаме противничкиот голман и да го намалиме водството на гостите. Второто полувреме гледавме сосема нова слика на теренот. Охриѓани излегоа максимално концентрирани и одговорно вршејќи постојан притисок на противничкиот гол. Добрата игра резултираше со два погодоци во противничката мрежа со што целосно го свртевме натпреварот и резултатот во наша корист. Може да жалиме за уште неколку одлични неискористени шанси, но мора да бидеме задоволни од одличната партија на нашите кои и после шестото лигашко коло не знаат за ништо друго освен победа и со максимален учинок се осамени на врвот на табелата во младинската лига.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|