Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играше петтото коло од Првата младинска лига во организација на ФФМ за У-15 категории. Охриѓани извојуваа лесна и убедлива победа со кичевска Ускана. „Белите“ ја покажаа својата доминација и го решија натпреварот уште во првото полувреме кога постигнаа дури шест погодоци. Второто поувреме со уште пет погодоци во противничката мрежа го затворија натпреварот со конечни 11 : 2 ФК ОХРИД ТОП ТИМ: Ибрахим Абдул Кадир, Рифат Хадис, Ариф Јусуф, Јахја Мухаммед (2 гола), Абдула Рахим, Јаковлев Наум (1 гол), Крлевски Марко, Филев Климент (1 гол), Цикуроски Михаил (5 гола), Кречов Никола (1 гол), Трпоски Александар (1 гол). На инцијатива на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, а во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ,ФК ОХРИД ТОП ТИМ го искористи денешниот ден и натпревар за одбележувањето на денот на Европската соработка.
Целта на кампањата, координирана од Европската комисија во соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент, е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавност. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|