Охридските „Бели“ беа домаќини на прилепска Победа во седмото коло од првата младинска фудбалска лига. Дерби натпревар за вистински фудбалски сладокусци. Присутните имаа можност да следат одлична утакмица со силен интензитет, возбудувања, шанси и многу погодоци.
Натпреварот започна со цврста и претпазилива игра на двете екипи, по што следеше несфатлив пад во концентрацијата на нашите фудбалери кои за само 4 минути примија дури три гола. Веднаш после овој лош период охриѓани повторно ја стабилизираа играта но не успеаа да го намалат водството на гостите. Второто полувреме Белите заиграа уште поангажирано, создаваа шанси и два пати стрелаа во мрежата на противникот намалувајќи на само гол разлика. Пред крајот на натпреварот со сите сили се обидовме да стигнеме до изедначување и оставивме простор на прилепчани кои во последните секунди после еден контра напад постигнаа гол и ја осигураа победата. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|