Изминативе неколку дена се одиграа натпреварите од регионалниот завршен турнир на ФФМ Детската фудбалска лига. ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше со 5 генерации на истиот, а со две стигна и до самото финале. На кратко, генерација 2007 и 2008 одиграа два одлични натпревари. Повозрасните испаднаа без пораз, на пенали, помладите минимално го загубија натпреварот. Генерација 2009 одигра храбро и направи се достоинствено да се претстави на овој завршен турнир, а генерација 2006 и 2010 станаа регионални вицешампиони. Не’ радува секој успех на овие млади фудбалери. Но, она што не" направи горди, не се одличјата што ги освоија овие момци, туку тоа што покажаа дека се посјајни од било кој освоен трофеј. Покажаа дека напредуваат како спортисти, дека напредуваат како личности. Дека нивното однесување на терен и надвор од терен, нивниот пристап кон спортот и фудбалот, односот со другарите од клубот и другарите од другите екипи е пример за сите. Пример за нас тренерите, пример за родителите на трибини ... Сложни и во победа и во спортски пораз. Заедно на терен, заедно надвор од терен. Сите со срце како планина, поддржувајќи се и жртвувајќи се еден за друг играа со сета душа за својот тим! Ви благодариме на сите што го носевте овој дрес за целата преубава сезона. За сето дружење со вас, за се што може да се научи од вас. И се разбира, продолжуваме понатака .... Не" чекаат нови предизвици. ФК ОХРИД ТОП ТИМ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|