Денес, на теренот на Караорман во Струга, охриѓани одиграа два одлични пријателски натпревари со скопски Работнички во различни возрасни категории У-13 и У-12. Комбинирана екипа на „Белите“ од ген. 2003/2004 ремизираше со ген. 2003 од „Романтичарите“ во еден интересен и возбудлив меч со неколку пресврти. Охриѓани на два пати доаѓаа до предност со погодоците на Мухамед Јахја Шкор и Емре Мустафа, но скопјани успеваа на изедначат, а потоа и да поведат. Водството на Работнички беше неутрализирано со вториот погодок на Мухамед Јахја Шкор кој ги постави конечните 3:3. Следеше уште еден мошне квалитетен, возбудлив и интересен натпревар помеѓу овие два тима во ген 2002 (У-13). Охриѓани и на овој натпревар настапија со комбиниран состав од ген. 2002/2003/2004. И покрај тоа, нашите фудбалери одиграа мошне храбро и добро против одличниот состав на Работнички, но на крај сепак беа минимално поразени со 1:2 по примениот погодок на самиот крај на натпреварот. Стрелец за „Белите“ беше Климент Гиноски, а еднаш пречката на противникот ја погоди и Филип Маркоски. Честитки за фудбалерите од двете екипи за прикажаната игра, како и за нивниот спортски и пријателски однос пред, за време и по одигрување на натпреварите. Следниот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан по два дена на СРЦ Билјанини извори во Охрид. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Ген. 2003/04: Ибрахим Кадир, Наум Јаковлев, Теодор Речкоски, Валентин Јаневски, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Емре Мустафа, Александар Трпоски и Петар Фулкоски Ген. 2002: Николче Целески, Петар Војдиноски, Емре Дуница, Климент Гиноски, Филип Маркоски, Екрем Алијашар, Емре Мустафа, Наум Јаковлев, Речкоски Теодор, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф и Валон ... |
НОВОСТИФК ОХРИД
|