На покана на Општина Ресен, во рамките на манифестацијата Преспански јаболкобер 2016, ФК ОХРИД ТОП ТИМ повторно беше дел од Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги“. Традиционално на турнирот играат екипи претставници на градовите Ресен, Битола, Прилеп и Охрид. „Белите“ одиграа два одлични натпревари и стигнаа до своето седмо одличје на младинските фудбалски турнири. Најпрво, во полуфиналето во една убава и доминатна игра со домаќинот Тоталфудбал од Ресен, нашите немаа среќа да постигнат погодок и на крај натпреварот заврши без победник 0;0. Ресенчани подобро се снајдоа на изведувањето на пеналите, со што нашите влегоа во борба за трето место против битолски Пелистер. Повторно видовме убава игра на нашите фудбалери кои овој пат беа многу поубедливи пред противничкиот гол и успеаа да потигнат три погодоци за сигурна победа од 3:1. Тоа беше доволно за трето место на турнирот и нов трофеј за „Белите“. Честитки за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на Охрид на овој традиционален младински фудбалски турнир. Благодарност и до домаќинот Општина Ресен и ФК Тотал фудбал Ресен за поканата и за нивното убаво гостопримство и грижа за нашите фудбалери. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|