Нов викенд, ново фудбалско дружење. Добрата екипа на ФК Фљамуртари Радолишта денес беше гостин на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Во салата Билјанини извори во Охрид се одиграа 3 пријателски натпревари помеѓу комбинираните состави на двете екипи со фудбалери од генерација 2005, 2006 и 2007. Повторно следевме одличен и цврст фудбал со многу голови и убава игра. Радолиштани ги добија првите два натпревари, додека третиот натпревар заврши во корист на Охриѓани. Убавата и пријателска атмосфера само го надополни уживањето на сите фудбалери и на сите присутни во салата.
Утре, продолжуваме со нови фудбалски возбудувања. Овој пат, наши гости на „Билјанини “ ќе бидат ФК Велешта со генерација 2002 и 2004. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|