„Белите“ денес одиграа два нови пријателски натпревари во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Наши гости беа екипата на ФК Велешта со генерација 2002 и 2004. Воведниот натпревар го играа генерација 2004. Добрата игра во првото полувреме на нашите фудбалери беше неутрализирана од гостите во вториот дел, кога „Белите“ примија дури 6 гола и натпреварот заврши со конечни 1:6 за Велешта. Она што не им одеше од рака на помладите, го направија поголемите. Одличната игра против есенскиот шампион во ФФМ Детската лига беше крунисана со убава и сигурна победа од конечни 2:0 за ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Моменти од фудбалскот дружење со нашите пријатели од ФК Велешта може да погледнете на галеријата со слики од денешниот ден. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|