Прекрасен декемвриски ден во кој „Белите“ го одржаа последниот фудбалски тренинг во оваа календарска година. Нашиот клуб приреди уште едно големо изненадување за најмладите членови на фудбалската школа – подарок нова гарнитура дресови за сите играчи од генерација 2005, 2006, 2007 и 2008/09. Најзаслужни за тоа се патничката агенција Охрид Травел која од денес е нов член во нашето веќе големо фудбалско семејство. Нивната доверба кон нашата искрена и неуморна работа ја покажаа преку нивната несебична донација на 33 нови гарнитури дресови во белата боја на Охрид кои нашите фудбалери ќе ги носат на сите натпреварувањa во кои настапуваат. Охрид Травел е основана 1979, а од 2003 ја водат семејствата Наумоски и Димоски, кои иако далеку од Охрид, во Клифтон Њу Џерси, сепак не забораваат да го поддржат охридскиот спорт и најмладите охридски спортисти. Тие ја дадоа нивната поддршка за она што го работиме, а ние топло ги препорачуваме на сите оние кои им требаат квалитетни, конкурентни и сигурни туристички и патнички услуги на релација САД – Европа. Голема благодарност до нив во името на сите наши фудбалерчина. Погледнете ја галеријата на слики од денешниот ден кој беше искористен и за една мала фотосесија со нашите фудбалери.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|