Младите охридски фудбалери викендов гостуваа во Битола на ФК Пелистер. Се одиграни неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Младинските У-15, У-14 и У-13 екипи играа саботата, додека помладите генерации 2009/10/11 играа денес на стадионот со вештачка трева во градскиот парк во Битола. Присутните имаа можност да следат исклучително квалитетни и атрактивни натпревари со убава игра и многу голови. Благодарност до екипата на Пелистер кои се покажаа како вистински домаќини и спортски џентлмени, овозможувајќи одлични услови за игра и за другарување помеѓу фудбалерите на двата клуба. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|