Прекрасен фудбалски ден на СРЦ Билјанини извори. ФК ОХРИД Топ Тим, како домаќин на екипите на ФК Борец Јуниор од Велес и ФК Влазними од Струга, организира неколку фудбалски натпревари во различни возрасни категории помеѓу овие екипи. Околу стотина деца беа присутни на терените, покажувајќи ги своите фудбалски вештини. Се играше во духот на фер плејот, се постигнуваа многу голови и се разменуваа искуства помеѓу екипите. Целта на ова дружење беше да им се овозможи на младите дечиња да играат фудбал и да уживаат во играњето на фудбалот. Резултатите од натпреварите не беа во преден план, па затоа само ќе ги споменеме стрелците на головите од екипата на ФК ОХРИД Топ Тим. Стрелец на два гола во генерација 2002 беше Китрозоски Христијан, а по еден гол во генерација 2005 и помлади постигнаа Мухамед Саидоски и Валентин Блажески. Овој фудбалски настан беше збогатен со присуството на г-н Бојан Маркоски, грасрут менаџер во ФФМ и секретар на фудбалската репрезентација на Македонија, кој се дружеше со најмладите и им даваше поддршка на фудбалерињата од трите екипи. Голема благодарност до сите дечиња од екипата на ФК ОХРИД Топ Тим кои се покажаа како одлични домаќини. Во продолжение можете да ја погледнете и галеријата на слики од денешниот ден. Галерија, 06.07.2014 - ФК ОХРИД Топ Тим, ФК БОРЕЦ Јуниор, ФК ВЛАЗНИМИ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|