![]() Најмладите генерации (2005/06/07 и помлади) од ФК ОХРИД денес гостуваа во Битола. Во спортската сала „Павел Шатев“ одиграа неколку пријателски натпревари со домаќинот, екипата на ЛГ Битола. Околу 50-тина гледачи имаа можност да уживаат во фудбалските мајстории на младите фудбалери кои им приредија одличен фудбал со многу акции, атраткивни потези, возбудувања и се разбира голови. Се играше максимално фер и коректно. Победија сите дечиња. Искрено се радуваа на секој постигнат гол. Она што е најважно одлично се забавуваа и се дружеа со нивните врсници од Битола. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Пацески Петар, Садикоски Амар, Палитов Стефан, Хусеин Јусуф, Лолески Михаил, Саидоски Мухамед, Блажески Валентин (постигна 1 гол), Крлевски Петар, Шопоски Лео, Размоски Дамјан (постигна 1 гол), Мајкиќ Мартин (постигна 1 гол), Јахја Џан и Бешир Онур. Голема благодарност до нашите пријатели и домаќини, ФШ „ЛГ“ од Битола за нивниот срдчен прием и одличната организација. ФШ ЛГ Битола - ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид, Сала Павел Шатев Битола, 30.11.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|