Охридските „Бели“ во сите шест возрасни категории ќе играат на регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига. Добрите игри и резултати во текот на целата сезона на нашите фудбалери се наградени со три полуфиналиња и три четвртфиналиња кои ќе се играат следниот викенд на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Погледнете го распоредот на натпревари: Генерација 2004 Генерација 2005 Генерација 2006 Генерација 2007 Генерација 2008 Генерација 2009
Денес беше последниот лигашки викенд од ФФМ Детската фудбалска лига. За прв пат од четиригодишното постоење на ФФМ Детската лига југозападен регион, натпреварувањето е завршено без да се одиграат сите натпревари од лигашкиот систем. Иако во некои генерации имаше и по две кола за одигрување, сепак, наредниот викенд ќе се играат мечевите од завршните турнири што мора да признаеме дека не одговара на правилникот за натпреварување од детската лига за оваа сезона. Воедно, оваа сезона за прв пат, екипи кои не беа пријавени во официјалниот лигашки систем ќе може да играат на завршните турнири што исто така е спротивно на правилникот за детски фудбал. Релативизирање на значењето на лигашкиот систем и начинот на кој се води истиот доведе до низа неправилности и нерегуларности за кои и претходно зборувавме. Ние како клуб чувствуваме должност за истите да реагираме затоа што сметаме дека ваква лига не само што не ги прави подобри клубовите, туку и наметнува многу ризици за фудбалскиот развој на децата кои се натпреваруваат. Сепак, ние како клуб се уште веруваме во овој проект на ФФМ и ќе се обидеме, како и секогаш до сега, да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во развојот на истиот. Од тие причини во сите генерации ќе ги играме натпреварите од завршниот турнир иако знаеме дека со тоа даваме легитимитет на некои неправилни одлуки. Што се однесува до натпреварувачкиот дел од последното лигашко коло, повторно следевме возбудливи натпревари на нашите фудбалери. Повозрасните играа одличен фудбал со екипите на Оск Фер плеј (2004), Кораб (2005) и Ла масиа (2007). Сепак, добрата игра во овие мечеви не успеавме да ја зачиниме со повеќе погодоци, па слабата ефикасност резултираше со порази на овие натпревари. Она што не го направија поголемите, го направија нашите помали генерации кои сигурно и убедливо ги совладаа екипите на Фљамуртари (2008) и Ускана (2009). Следниот викенд, во сите генерации ФК ОХРИД ТОП ТИМ ќе игра на завршните турнири кои ќе ги дадат шампионите на ФФК Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Уште едно одлично коло за нашите фудбалери во ФФМ Детската лига што овој викенд се играше на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Овој пат, нашите момци ги надиграа екипите на Караорман, Лабуништа и Евро фудбал 2 Вардар. Највозрасните, генерација 2004 имаа полесен натпревар со екипата на Лабуништа кој лесно го добија постигнувајќи 7 гола во мрежата на противникот. Најинтересно и највозбудливо беше на „Езерското дерби“ што се играше во генерација 2006. Охриѓани на најдобар можен начин им се реваншираа на врсниците од струшки Караорман за поразот од есенскиот дел на првенството. Доминатната игра во текот на целиот меч резултираше со преубави 3 погодоци во противничкиот гол за убедлива и убава победа од 3:1. Добар натпревар и сигурна победа остварија и генерација 2007 кои ова коло играа со охридски Евро фудбал 2 Вардар. „Белите“ искористија само две од повеќето создадени шанси за конечни 2:0. Со истиот противник добар натпревар одигра и генерација 2005 која го доживеа единствениот пораз ова коло. Честитки за одличната игра на нашите фудбалери кои ни дадоа многу причини за радост ова коло. Два од два за „Беите“ во празничното првенствено коло од ФФМ Детската лига. Две сигурни победи на нашите екипи од генерација 2006 и 2008. Повозрасните играа мошне ефикасен натпревар со екипата на Велешта (2006). Првото полувреме нашите постигнаа 6 погодоци за во вториот дел да излезе комплетна генерација 2007 и со истиот противник успеа да постигне уште 4 нови погодоци. Добар натпревар изиграа и генерација 2008 со врсниците од Евро фудбал 2 Вардар од Охрид. Иако според создадените шанси можеше да биде и поефикасен натпревар, сепак, двата постигнати погодоци беа доволни за уште една победа во ова коло. Натпреварите во генерација 2004 и 2005 со кичевски Париз беа одложени по барање на кичевчани.
Спортски ден за вистински фудбалски сладокусци. Охриѓани беа домаќини на екипата на Арена Тирана од Република Албанија. Одигравме два исклучително добри и квалитетни натпревари во кои сите присутни на СРЦ Билјанини извори уживаа. Најпрво, нашите фудбалери од генерација 2004 играа со комбинирана екипа од ген. 2003/2004 од гостите од Тирана, а потоа уште еден натпревар одиграа помладите од генерација 2005/2006. Следевме неизвесни и возбудливи натпревари со мноштво атрактивни потези и преубави погодоци, а двата тима остварија по една победа. По завршувањето на натпреварите двете екипи беа наградени со пехари за нивната игра, залагање и коректен, спортски и другарски однос во и надвор од теренот. Уште едно одлично и ефикасно коло за охридските „Бели“ што се играше во Кичево. Генерација 2006 очекувано и сигурно, со три погодоци во противничкиот гол ја совлада екипата на Велешта. Одлични меч играше и генерација 2007 која испушти сигурно водство од 2:0 против екипата на Париз од Кичево. Кичевчани со сомнително досуден пенал се спасија од пораз на овој натпревар во кој ние не искористивме уште неколку добри прилики за гол. Мошне добар натпревар одигра и комбинираната екипа од генерација 2005 и 2006 против кичевска Ускана. Охриѓани на два пати доаѓаа во водство но Кичевчани кои надвор од правилата на лигата играа со неколку повозрасни играчи успеаја да се спасат од пораз. Екипата на Ускана со повозрасни фудбалери настапи и во генерација 2008. И покрај тоа, нашите постојано вршеа притисок на противничкиот гол а еднаш успеаја да го совладаат и противничкиот голман кој очигледно не смееше да настапува на денешниот натпревар. За жал, веќе стана пракса во лигата да се натпреваруваат екипи кои играат во најмала рака нечесно, натпреварувајќи се со нерегистрирани играчи, а неретко и со повозрасни играчи од категоријата во која пријавиле екипа. Нашиот клуб и денес се соочи со такви ситуации кои исклучително му штетат на лигата, на фудбалот и на младите фудбалерчиња со тоа што се изложени на повисок ризик на повреди, што и неретко се случуваат кога повозрасни играчи играат во помлади категории, а се случија и денес. Оваа неконтролирана ситуација во која се пријавуваат и прифаќаат екипи кои воопшто немале или немаат регистрирани играчи за да се натпреваруваат во одредена категорија во целост го компромитира натпреварувањето и води кон низа други неправилности. Ни се случува да судат судии (понекогаш и странски државјани) кои не ги познаваат правилата во детскиот фудбал или создаваат свои правила. Се случуваат ситуации кога играчите ги пцујат и навредуваат играчите од другата екипа, а поминуваат неказнето. Се случува родители да пцујат и со крајно непристоен речник да ги навредуваат противничките тренери со што се дава исклучително лош пример во воспитувањето на малите фудбалери. Родители се јавуваат и вршат притисоци на судии за одредени судиски одлуки. Има и ситуации кога тренери и службени лица на клубови се закануваат со физичко насилство над судии пред малолетни деца додека играат меч на соседниот терен. Од лига која имаше своја официјална веб страна и свој профил на социјалните мрежи, на кои максимално транспарентно се објавуваа слики, резултати и распореди на натпревари сега имаме лига која никаде не е видлива и како и да не постои што дава дополнителни можности за манипулации, па се случуваат грешки во распореди, ненајавени промени и регистрирање на резултати по желба на координаторот што на крајот ги плаќа клубот. Она што загрижува е што сето ова веќе се смета за нормално и како воспоставена пракса иако е надвор она што треба да биде систем на натпреварување. Играњето во лигата создава не така наивен трошок за фудбалските школи, а најголемиот бенефит од вака (не)организираното натпреварување во овој регион имаат судиите и општинските сојузи. Само нашиот клуб плаќа по повеќе десетици илјади денари котизација и патни трошоци секоја сезона во лигата и неколку десетици илјади денари на ОФС секоја година за регистрација и пререгистрација на играчи што очигледно во овој момент воопшто не е важно за ова натпреварување. Иако и резултатски и играчки нашиот клуб е далеку над нивото од претходните сезони, сепак постојано реагираме на овие неправилности со една единствена цел - да ги заштитиме нашите фудбалери, бидејќи не само што чувствуваме одговорност кон нив, туку имаме и таква обврска кон нивните родители. Ако целта на лигата е да обезбеди организирана форма на натпреварување, што согласно фудбалските методологии е дел од тренажниот процес, тогаш до сега можеме да констатираме дека работите во многу скршнале од овој правец. ОХРИД ТОП ТИМ како сериозна фудбалска школа и понатака ќе продолжи да реагира на сите неправилности со цел да се заштити честа и угледот на нашите членови, нашиот град и честа и угледот на ФФМ. Веруваме дека оваа наша јавна реакција ќе допре на вистинското место и ќе биде добронамерно разбрана во насока на подобрување на спортот и фудбалот. Денес „Белите“ го играа третото пролетно коло од ФФМ детската фудбалска лига. Генерација 2006 со шест погодоци во противничката мрежа славеше рутинирана и лесна победа над кичевски Париз и ја продолжи победничката низа во лигата. Мошне добар и неизвесен натпревар одигра и генерација 2007 во „Езерското дерби’ со струшки Караорман. Иако два пати стрелавме во голот на противникот, сепак, на крај пресуди нефудбалското правило „три корнери – пенал“ за минимален пораз од стружани. Генерација 2004 и 2008 одиграа под своите можности. Повозрасните иако постигнаа четири погодоци не го завршија натпреварот во своја корист, а неефикасната игра на помладите ова коло со само еден постигнат гол ги чинеше загубен натпревар од Ла масија.
Ова коло беа слободни генерација 2005 и 2009. Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид, се одиграа заостанатите мечеви од второто пролетно коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Охриѓани под своите можности одиграа натпревар со радолишки Фљамуртари во генерација 2007. Пропуштените шанси и еден погодок во противничката мрежа беа недоволни за поволен резултат, па на крајот радолиштани се радуваа на победата. Она што не успеаа да го направат повозрасните го направија нашите најмали фудбалери од генерација 2009. Очекувано, нашите одиграа добар и ефикасен наптревар со врсниците од ФК Оск фер плеј каде постигнавме четири погодоци и остварија сигурна победа
Охриѓани подобри од Фљамуртари (2005) и Кораб (2006). Оск Фер Плеј (2008) се спасуваше од пораз19/3/2017
„Белите“ повторно на висината на задачата во второто коло од ФФМ Детската фудбалска лига што се играше викендов на „Билјанини“ во Охрид. Од коло во коло следиме се подобра игра и се подобри резултати на нашите фудбалери. Комбинираната екипа од генерација 2005/06 играше одличен натпревар против радолишки Фљамуртари. Со пет погодоци во противничката мрежа, охриѓани на надобар начин се реваншираа за есенскиот пораз од истата екипа. Цврст и тежок натпревар со истиот противник одигра и генерација 2004. Радолиштани со два погодоци го неутрализираа нашето водство од првиот дел на мечот за минимални 1:2.
Добар и силен меч одигра и генерација 2006 со ФК Кораб од Дебар каде доминатната игра ја крунисавме со сигурна победа од 3:1. За пофалба е играта и залагањето на фудбалерите од генерација 2008 кои испуштија водство против Оск фер плеј во мечот кој заврши без победник со резултат 2:2. Натпреварите од ова коло ќе ги комплетираме во вторник кога играат генерација 2007 и 2009. Студен викенд за почеток на ФФМ Детската фудбалски лига. Иако некомплетни во речиси сите генерации, охридските „Бели“ одиграа неколку исклучително добри натпревари и остварија очекувани победи во неколку возрасни категории. Најефикасни и најубедливи беа генерација 2004 и 2006. Повозрасните го играа „Езерското дерби“ со струшки Караорман кое убедливо го добивме со дури седум погодоци во противничката мрежа. Убедлив и ефикасен натпревар играа и генерација 2006 кои постигнаа пет гола во победата над Ла масија. Добри и борбени натпревари играа генерација 2005 и 2007 со Оск фер плеј што на крај ги добија „Жолтите“. Со две екипи од генерација 2008 игравме двомеч против А и Б екипите на радолишки Фљамуртари и тоа еден првенствен и еден пријателски. Еден натпревар им припадна на радолиштани додека другиот го добија „Белите“, а за пофалба е и одличната игра и залагањето на нашите најмлади фудбалерчина во генерација 2009 кои иако некомплетни стрелаа два пати во мрежата на Ла масиа. Викенд подготвителен пријателски натпревар одиграа и нашите младинци од генерација 2002 со врсниците од струшки Караорман каде испуштивме водство на самиот крај од натпреварот кој заврши без победник со резултат 2:2. Честитки за сите наши фудбалери кои овој викенд ги бранеа боите на нашиот клуб. Задоволни сме од нивното залагање,, а нивната игра ни дава за право да веруваме во уште подобри резултати во иднина. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|